ПОСТАПКА ЗА КОТАЦИЈА
За котација на хартии од вредност издавачот, преку својот покровител, до Берзата доставува барање за котација, со целокупната пропратна документација и со напомена за тоа дали барањето се однесува за Суперкотација или за берзанска котација. При пријавување на одредена хартија од вредност за котација, покровителот на котацијата до Берзата треба да поднесе:
| - |
барање за котација, потпишано од соодветно овластено лице на издавачот, |
| - |
одлука од соодветниот орган на издавачот, со кој се одобрува котацијата на хартиите од вредност, |
| - |
одлука од соодветниот орган дека ги прифаќа одредбите од Правилата за котација и сите нивни понатамошни измени, |
| - |
изјава на одговорното лице за точноста на податоците во документацијата за котација, |
| - |
три примероци од проспектот за котација, изработен согласно елементите наведени во Глава V од Правилата за котација |
| - |
пречистен текст на статутот на издавачот, |
| - |
доказ за уплатен надоместок за котација (еднократен и годишен), |
| - |
примерок од судската регистрација, |
| - |
ревидирани годишни финансиски извештаи за претходните години чиј број е наведен во точките од Глава II од Правилата за котацијаи |
| - |
примероци од сите донесени одлуки на издавачот со кои се одобрени сите измени во акционерскиот капитал на издавачот до кои дошло во претходните три години. |
При поднесувањето на барањето за котација издавачот е должен да достави проспект. Проспектот мора да ги содржи сите информации кои на инвеститорите ќе им овозможат информативна проценка на имотот и обврските, финансиската состојба, добивката и загубата, развојните можности, како и правата кои ги носат хартиите од вредност. Задолжителни податоци кои треба да бидат составен дел од Проспектот се:
| - |
Податоци за издавачот и капиталот на издавачот |
| - |
Деловни активности на издавачот |
| - |
Финансиски податоци за последните три години и податоци за трговските друштва во коe издавачот има мнозинско учество |
| - |
Податоци за акциите за кои се бара котација |
| - |
Податоци за органите на управување на издавачот |
| - |
Информација за развојни перспективи |
| - |
Финансиски извештаи ревидирани од овластен ревизор |
Одборот на директори на Берзата го разгледува барањето за котација и одлуката за котација во писмена форма ја доставува до издавачот, во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. Доколку Одборот на директори на Берзата го одобри барањето за котација застапникот на издавачот и Берзата потпишуваат Договор за котација ги содржи следните елементи: предмет на договорот, обврски за објавување на податоци, објавувања сврзани со деловното работење, обврски во врска со капиталот, значајни промени во финансиската состојба, доставување годишни извештаи, известување за значителни удели, надомест за котација и задржување на статусот на котирано друштво. Издавач чии акции се веќе котирани на Официјалниот пазар на Берзата може да побара префрлување на акциите од еден на друг подсегмент на котација, доколку ги исполнува критериумите за котација на соодветниот подсегмент. Доколку котираните акции од одреден издавач престанат да ги исполнуваат критериумите од Правилата за котација или доколку издавачот не ги исполнува постојаните обврски за известување пропишани во Правила за котација, берзата може да донесе одлука да ги префрли котираните акции од одреден издавач од Супер котација на Берзанска котација.
Последната верзија на Правилата за котација може да ја прегледате тука...