Macedonian Stock Exchange

Macedonian Stock Exchange

FLASH

09.09.2010 07:38:17

Последни вести


Комерцијален оглас
 

Дневни листи


ПРЕДНОСТИ  ОД КОТАЦИЈА

   Под котација на хартии од вредност, се подразбира постапката на внесување на одредена хартија од вредност на официјалниот пазар согласно одредени критериуми пропишани од Берзата и обврска за редовно објавување на ценовно чувствителни финансиски и нефинасиски информации и податоци во јавноста.
 

   Трговските друштва, со изградени перформанси и јасно утврдени развојни цели, кои преферираат дополнителен капитал и широк круг на инвеститори, котираат на официјалниот пазар на Берзата. Со котацијата на акциите на Берзата, управата на друштвото праќа јасна порака до потенцијалните инвеститори дека друштвото го управува транспарентно. На тој начин, друштвото се обврзува дека континуирано ќе ја известува јавноста, за сите релевантни активности и проценка на финансиската позиција, со што ги изложува перформансите на друштвото на јавна проценка.

 

Друштвата кои котираат на официјалниот пазар остваруваат повеќе користи од котацијата и тоа:

-   Можност за прибирање нов капитал со емисија на нови хартии од вредност,

-   Повисок рејтинг и углед на друштвото,

-   Зголемена ликвидност и пазарно формирање на цената на акциите,

-   Зголемување на вредноста на друштвото и можност за дневна проценка на вредноста на друштвото,

-   Поефикасна заштита на инвеститорите, издавачите и малите акционери,

-   Поефикасно спроведување на принципите на корпоративно управување,

-   Поедноставен пристап и до странските берзи.

 

   Можност за прибирање нов капитал со емисија на нови хартии од вредност. На котираните друштва со котацијата им се овозможува дополнителен облик на финансирање на развојните активности на друштвото преку издавање на должнички хартии од вредност како и зголемување на основната главнина на друштвото преку издавање на нови емисии на сопственички хартии од вредност. Котираните друштва, за разлика од оние кои не се на котација и кои немаат посебни обврски за известување, вообичаено полесно доаѓаат до дополнителен капитал преку берза од причина што пошироката јавност и инвеститорите во најголема мерка се запознаени со финансиската стабилност и сила на друштвото благодарение на транспарентноста која е основен услов котација.

 

   Ефикасен систем на известување и зголемување на рејтингот, угледот и публицитетот на друштвото. Со котацијата на друштвата на Официјалниот пазар се овозможува ефикасен систем на известување на инвеститорите и пошироката јавност преку објавувањето на проспектот и ценовно чуствителните информации на друштвото преку интернет страната Берзата. Друштвата имаат постојана обврска да доставуваат информации до инвеститорите и јавноста нужни за проценка на моменталната состојба на друштвото. Преку редовниот процес на известување и широката публика до која доаѓа друштвото се создава публицитет за друштвото во јавноста кој влијае на угледот на друштвото во економијата и вкупно во целото општество. 

 

   Зголемена ликвидност, пазарно формирање на цената и можност за дневна проценка на вредноста на друштва. Берзата преку електронскиот систем на тргување овозможува едноставно и брзо поврзување на понудата и побарувачката за определена хартија од вредност. Хартиите од вредност кои се на официјалниот пазар на Берзата, согласно Правилата за котација на Берзата, предвидува минимално ниво на распространетост на родот на хартијата од вредност во јавноста и минимилен број на акционери што обезбедува основа за зголемена ликвидност и пазарно формирање на цената. Друштвата кои се наоѓаат на котација на официјалниот пазар на хартии од вредност можат да ја зголемат вредноста на друштвото преку својата транспарентност и достапност до јавноста. Преку извештаите и известувањата објавени на Берзата, пошироката инвеститорска јавност се запознава со потенцијалите и можностите на друштвото, а преку соодветна анализа може да дојдат до полесна проценка за вредноста на друштвто и одлука за тоа што е за нив најатрактивно за инвестирање. Дневното тргување со хартиите од вредност е организирано по принципот на континуирано тргување и овозможува постојан пазар преку кој на транспарентен начин се одредува вредноста на хартиите. Ваквиот начин на тргување и достапност до пошироката јавност овозможува реално секој ден да се процени вредноста на друштвата.

 

   Поефикасна заштита на инвеститорите, издавачите и малите акционери. Инвеститорите и издавачите на хартии од вредност се заштитени со строго регулираните правила за тргување. Заштита на инвеститорите е направена преку редовниот систем на информирање за настани поврзани со работењето на друштовото. Ценовно чуствителните информации кои имаат било какво влијание на формирање на цената мораат да бидат јавно објавени. Малите акционери преку транспарентните правила на котација и тргување се во можност да бидат правилно и навремено информирани за работењето на друштвото и врз основа на реалната понуда и побарувачка на пазарот да носат одлуки за купување или продавање на хартиите од вредност.

 

   Поедноставен пристап и до странските берзи. На котираните друштва им се олеснува можноста за котација и на некоја странска берза преку паралелна котација со издавање на дополнителни акции или со издавање на должнички хартии од вредност на некои од странските пазари на капитал. Реномето и угледот кој друштвото го има на домашниот пазар е добра референца за успешна котација на било кој род од хартиите од вредност на странските пазари на капитал.