Топлификација АД Скопје е компанија која врши производство и дистрибуција на топлинска енергија во Скопје, Македонија. Поделена на пет организациони единици, преку кои ја координира целокупната дистрибитивна мрежа во должина од 170 километри и четири главни погони. Покрај главната функција, компанијата врши и дистрибуција на природен гас, конструкција и инсталација на централна топлификациона мрежа и дистрибуција на гас и транспорт на течни горива, подготовка на студии, инвестициони програми и комплетна техничка документација за експлоатација на термална енергија, централни топлификациони системи, поправка и одржување на опрема за електрични мерења и регулација, додатна научно - истражувачка работа во полето на топлинска енергија.