Макстил АД Скопје е компанија која е ориентирана кон челичната индустрија. Врши обработка на челик користејќи ги капацитетите на електропечки за производство на течен челик, леење на челик, топловалани лимови, производство на сурово железо, челик и феролегури, рециклажа на метални отпадоци, трговија на големо со метали и метални руди, трговија на големо со репродукционен материјал, трговија на големо со отпадоци и остатоци. Главен акционер во Макстил АД Скопје е Duferco Skop Investment Ltd , компанија од Лихтенштајн.