ДГ Бетон АД Скопје е компанија чија основна дејност е во областа на градежништвото. Основните активности на компанијата се истражување, проектирање, изградба и надзор на стамбени и деловни згради, како и на индустриски и јавни објекти. Други активности на компанијата се репарација, адаптација и реизградба на веќе постоечки објекти, производство и трговија со материјали за градежништво, одржување и транспорт на градежна опрема,изведување на електро и водоводни инсталациони работи во градежништвото, браварски работи и сл. Исто така за своите клиенти ДГ Бетон подготвува техничко-инвестициона документација, како и дополнителна документација во зависнот од потребите на проектот. Компанијата покрај канцелариите во Р.Македонија, има отворено свои претставништва и во Германија, Чешка, Либиа, Украина, Србија и Русија.